Словенија го врати вториот неработен ден за Нова година | Правдико

Правдико

   

Словенија го врати вториот неработен ден за Нова година

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

slovenci-696x399Словенечкиот парламент во вторник вечер со убедливо мнозинство го промени Законот за државни празници, со што повторно се враќаат двата неработни дена за Нова година, што беше укинато пред четири години, како една од мерките на штедење.

За законската измена гласаше 61 пратеник, додека 10 беа против.

Некои претставници на опозицијата сметаат дека владата, која според најновите анкети ужива мала поддршка, со овој „популистички“ потег всушност ја „купува“ наклонетоста на гласачите, што владејачката партија го негира.

Претседателот на парламентот Милан Брглез рече дека укинувањето на вториот неработен ден во новогодишните празници пред четири години и не било толку неопходно и не дало никакви економски ефекти.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико