Словенија ја додаде водата во Уставот како фундаментално право за сите | Правдико

Правдико

   

Словенија ја додаде водата во Уставот како фундаментално право за сите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Предлогот водата да стане фундаментално право во словенечкиот Устав,  поднесен од поранешната премиерка, а сегашна пратеничка на Словенија Аленка Братушек, беше прифатен со 64 гласа „за“, а ниту еден „против“.

6833-702x336

Од вкупно 90 пратеници во словенечкото собрание, само централно-десничарската опозициона Словенечка демократска партија не гласаше, велејќи дека амандманот не е неопходен и е насочен само кон зголемување на јавната поддршка.

Словенија е планинска држава богата со извори, а повеќе од половина од територијата е покриена со шуми.

„Ресурсите на вода претставуваат јавно добро кое е управувано од државата. Овие ресурси се основни и користени да ги снабдат граѓаните и домаќинствата со чиста и питка вода и не треба да бидат пазарно добро“, велат од словенечкиот парламент.

Централно-левичарскиот премиер, Миро Церар, ги повика пратениците да го усвојат предлог-законот, велејќи дека државата на два милиони жители треба „да ја штити водата – течното злато на 21-виот век – на највисокото правно ниво“.

„Словенечката вода има добар квалитет и поради вредноста, во иднина секако ќе биде цел на странските држави и апетитите на интернационалните корпорации. Како што постепено ќе станува сѐ повредно добро во иднина, притисокот за неа ќе се зголемува, а ние не смееме да се предадеме“.

Словенија е првата земја-членка на Европската унија која го воведе правото на вода во Уставот, иако според Рампедре (Трајниот светски извештај за правото на вода) 15 други држави во светот веќе го направиле тоа.

Извор: Радио МОФ

Препорачуваме

Партнери на Правдико