Словенија: Нови ограничувања за бегалците
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за внатрешни работи на Словенија изјави дека мора да се прилагодат на постапките на Австрија кога станува збор за бројот на луѓето кои државата може да прима дневно.
Словенија ги објасни новите ограничувања за прием на мигранти и бегалци од Хрватска, кој беа воведени по барање на Австрија, но притоа не негира дека Австрија ги одбива на границата и во кампови сите оние за кои се смета дека се економски мигранти и дека тие се враќаат во Словенија.
Австрија, како што пишува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Словенија, и понатаму продолжува да прима бегалци и емигранти, освен ако не се покаже дека тие го прикриваат нивниот идентитет.
Истите процедури за подобро идентификување на мигранти и бегалци без документи неодамна воведе врз основа на нивното кажување и Словенија, а мигрантите кои ги враќа Австрија се сместуваат во бегалски центри за повторна идентификација.