Словенија започна со припреми за поставување ограда на своите граници
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Љубљана забрзано подготвува поставување на “технички средства” на своите граници за да се спречи масовниот прилив на имигранти на територија на Словенија, велат од ресорното министерство. Ова ќе се направи итно ако Словенија не добие итна финансиска и полициска помош од ЕУ, бидејќи се повеќе расте бројот на имигранти.
Тоа во Брисел, на вонредното министерско заседание на ЕУ, го изјави словенечката министерка за внатрешни работи, Весна Гјеркеш Жнидар, која, како и многу други министри на земјите од ЕУ, нагласи дека е од клучно значење што побрзо да се заштитат грчките граници и да се спречи неконтролираниот прилив на мигранти преку надворешните граници на Унијата .
Словенечката министерка Гјеркеш Жнидар потврди дека Хрватска се понуди да испрати 50 полицајци за да и помогне на Словенија да го запре прекумерерниот прилив на мигранти, но таа вели дека владата во Љубљана тоа го одби “, додавајќи дека е подобро Хрватска тие сили да ги искористи за да се заштити од мигрантската навала која во Словенија доаѓа непроверена, бидејќи Хрватска фактички не ги исполнува своите обврски согласно со одредбите на ЕУ “.
“Очекувам дека министрите на ЕУ ќе одлучат да ја зголемат помошта за Словенија и зачувување на шенгенските граници” рече словенечката министерка
“Доколку тоа не се случи, Словенија очекува одговор од ЕУ и од Европската комисија како да продолжи да дејствува, бидејќи е потврдено дека приливот на мигранти постојано се зголемува”, рече Весна Гјеркеш Жнидар.