Словенците преку апликација поднеле 2 600 предлози за закони
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Словенечката влада во заминување во текот на својот четиригодишен мандат преку посебна апликација добила околу 2 600 предлози за закони поднесени од страна на граѓаните.
Од тој број, повеќе од 2 000 предлози биле сериозно земени предвид од страна на релевантните министерства и служби, а со позитивен резултат завршиле 22 граѓански иницијативи.
На иницијатива на граѓаните биле укинати даноци за набавка на возила за лица со хендикеп, била поедноставена постапката за идентификација на сведоци во судовите и биле воведени построги казни за оние кои ќе ја прекршат забраната за продажба на алкохол на малолетници. Покрај тоа биле воведени и паркинг-места за бремените жени и мајките со мали деца.
Како што пренесува „Хина“, меѓу предлозите кои дошле преку апликацијата имало и некои необични иницијативи, како на пример идејата дека јавните службеници не треба да користат парфем на работното место, а на млекарите да им се забрани производство на индустриски кајмак, но сепак тие не биле прифатени.
Извор: Макфакс