Случај “27 април”- Пепиќ, Дурловски, Ченто тврдат дека не се виновни | Правдико

Правдико

   

Случај “27 април”- Пепиќ, Дурловски, Ченто тврдат дека не се виновни

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Кривичниот суд во Скопје денеска во рамки на судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година, завршни зборови дадоа обинетите Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Игор Дурловски, Младен Додевски и Јане Ченто, кои се товарат за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок. Пепиќ во завршните зборови на судењето истакна дека не е дел од никакво терористичко здружение, туку во Собранието бил службено како разузнавач.

Обвинетиот Алими нагласи дека се што направил е со знаење на неговите надредени. Според обвинетиот Дурловски, судечкиот совет кога ќе ја носи пресудата треба да се запраша дали, како што тврди, тој држел потпалувачки говори и оти се коцкал со државата за материјални побуди. Тој на судењето денеска истакна дека на 27-ми април ја пеел химната, потоа заминал на ракомет со неговиот син, а кога видел дека има „гужва“ во Собрание, се вратил назад.

Обвинетиот Младен Додевски изрази жалење за тоа што се случи во Собранието и подвлече дека со неговото присувство таму, кое било 40 минути, не неправил никакво насилство.

Дали има поголемо насилство од отворање врата на разгневена толпа народ, праша обвинетиот за насилство Јане Ченто, алудирајќи на амнестијата која опфати речиси половина од обвинетите за 27 април. Во завршните зборови тој рече дека имал понуда за работа во УБК, но одбил иако понудената плата била двојно поголема од онаа во УЈП.

“Од МВР и ОЈО ми беше понудено да бидам заштитен сведок за да не бидам гонет кривично. Тоа нема никогаш да го направам. Бевме сведоци како дел од обвинетите и децата ќе си ги продадат за да ги ослободат”, рече Ченто.

Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико