Случај Агрокор: Притвор за газдата Тодориќ, тој е во бегство | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Случај Агрокор: Притвор за газдата Тодориќ, тој е во бегство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот во Загреб одреди мерка притвор на сопственикот на “Агрокор” Ивица Тодориќ, додека други 12 осомничени за скандалот околу компанијата доцна синоќа беа ослободени.

Тодориќ не се појави на суд, туку преку своите претставници објави дека ќе пристигне во Хрватска од странство оваа недела. И неговите синови, Иван и Анте, исто така, не се појавија на сослушувањето.

Се претпоставува дека целото семејство е во Велика Британија. Тодориќ има рок од три дена да се јави во хрватскиот затвор Реметинец.

Судот заклучил дека бизнисменот треба да биде притворен врз основа на опасноста од попречување на судењето и загрозување на сведоците.

Сите осомничени се товарат за повеќе кривични дела против државата: Злоупотреба на службената положба, лажирање на дозволи и незаконско водење на деловни книги.

Ивица Тодориќ е обвинет за стекнување на противправна имотна корист во вредност од повеќе од милијарда куни, како и дека со лажните финансиски извештаи на Агрокор, кои со години биле прикривани од властите, финансиската положба на компанијата ја прикажувал поуспешна од вистинскиот резултат.

Агрокор е најголемата приватна компанија во Хрватска во која се вработени над 31.000 луѓе. Примарна дејност е производство и дистрибуција на храна и пијалоци, како и малопродажба, а некои од најпознатите марки во сопственост на Агрокор се Фриком, Дијамант, ИДЕА, Јамница, ПИК Врбовец, Ледо, Конзум.

Извор: НоваТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико