Случај ,,Ровер" : Бошкоски осуден на 10 години и 6 месеци затвор | Правдико

Правдико

   

Случај ,,Ровер” : Бошкоски осуден на 10 години и 6 месеци затвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот министер за внатрешни работи се товари за помагање за извршување на убиството на Марјан Тушевски

sudenje-ljube-tusevski

Кривичниот суд во Скопје на Љубе Бошкоски му изрече затворска казна од 10 години и 6 месеци за случајот „Ровер“. 

Бошкоски се товари за помагање за извршување на убиството на Марјан Тушевски, а е ослободен од обвинението за убиство на Киро Јанев. Ова е втора пресуда откако, претходно, Апелацискиот суд ја укина првата пресуда од 12 години затвор и нареди повторно судење.

Во текот на повторениот процес Бошкоски најмногу се осврна на дискредитација и непризнавање на судијата кој го води процесот, а процесот го нарече политички монтиран, при што повеќепати беше исклучуван од судењето.

Доживотен затвор добија првообвинетите Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ, а на Вук Вукичевиќ од доживотен затвор казната му е намалена на 15 години. Шефот на обезбедувањето на Бошкоски, Зоран Трајковски е осуден на осум и пол години затвор, Ивица Ристиќ ќе одлежи седум години, а за службеникот во МВР, Никола Негриевски е изречена затворска казна од пет и пол години.

Обвинетите пресудата ја примија со аплауз, а Љубе Бошкоски беше свртен со грб кон судиите.

Пред 12 години во скопската населба Капиштец, беа убиени Марјан Тушевски и Киро Јанев.

Извор: Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико