Случај „Ровер“: Љубе Бошкоски ја напушти судницата | Правдико

Правдико

   

Случај „Ровер“: Љубе Бошкоски ја напушти судницата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Љубе Бошкоски ја напушти судницата под изговор дека не сака да му суди судијата Илија Трпков и ќе чека предметот Ровер да го преземе специјалната обвинителка Катица Јанева, како и предметот Кампања за кој Бошкоски одлежува казна.

24942golema

 

Инаку, за денеска по трет пат беше закажано судењето за случајот “Ровер” во кој за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев, покрај другите, обвинет е и поранешниот министер за внатрешни и лидер на обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда, бидејќи во неа имало низа пропусти и неутврдена фактичка состојба.

Овој пат апелација им го укина притворот на обвиниетите Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ и Гоце Митревски.

Според пресудата на кривичниот, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ добија казна доживотен затвор, Вук Вукичевиќ доби 15 години затвор, Бошкоски доби затвор од 10 години и шест месеци, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски доби осум години и шест месеци, по седум добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.

Фото: НоваТВ

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико