Случај „Титаник 2“: Фетаи сама во судница, одбраната не дојде | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Случај „Титаник 2“: Фетаи сама во судница, одбраната не дојде

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, денеска дојде на јавната расправа во Апелација за случајот „Титаник 2“, но столчињата за адвокатите на обвинетите што бараат две бомби на СЈО да не бидат доказ во постапката останаа празни.

Обвинителката Фетаи рече дека од тие бомби директно се слуша како поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, договараат местенки во Државната изборна комисија и во Управниот суд. Таа се повика на досегашната пракса на Апелациониот суд, кој одлучи бомбите да бидат доказ во сите постапки на СЈО. Обвинителката Фетаи повтори дека прислушуваните разговори се незаконски креирани, но законски прибавени. Затоа побара бомбите да се репродуцираат на главната расправа за предметот „Тврдина 2“.

Апелациониот суд на јавна седница одлучува дали бомбите ќе бидат доказ во судската постапка за случајот „Титаник 2“, во кој се обвинети судии од Управниот суд за изборни нерегуларности од локалните избори во 2013 година.

Кривичниот суд на 2 октомври ги отфрли прислушуваните разговори на специјалното јавно обвинителство како докази во обвинението за случајот „Титаник 2“, иако претходно на 18 септември Апелација прифати бомбите да бидат доказ во предметот „Триста“. СЈО поднесе жалба на одлуката на Основниот суд Скопје 1 за отфрлање на бомбите.

Во август годинава Судскиот совет донесе одлука да им го одземе судскиот имунитет на петтемина судии од Управниот суд обвинети во „Титаник 2“. Ваквата одлука беше донесена по барање на судијката што го оценуваше обвинителниот акт. Во „Титаник 2“ беа обвинети уште пет лица од Државната изборна комисија, како и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Апелационите судии треба да одлучат дали бомбите се доказ само уште во предметите „Тортура“ и „Титаник“.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико