Правдико

   

Случајот Морина пред Врховен суд, одлука најрано утре

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од Кабинетот на претседателот на Врховниот суд информираат дека предметот за поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, денеска е заведен во Врховниот суд и е доделен на судија и најрано утре се очекува да биде донесена одлука дали ќе биде ослободен или не.

Претходно, Основниот кривичен суд го одби барањето за пуштање од притвор на Томор Морина, кој е во притвор околу две седмици, а беше уапсен на граничниот премин „Блаце“ на 24 јули од страна на македонската полиција по потерница издадена од Интерпол, на барање на Србија.

Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Морина, од страна на Србија е обвинет за воени злостроства врз цивили во текот на војната 1998/1999 година, а официјален Белград побара негова екстрадиција во Србија.

Извор:Радио слободна Европа

Партнери на Правдико