Случајот ,, Пуч" се враќа на понатамошно постапување во Првостепениот суд | Правдико

Правдико

   

Случајот ,, Пуч” се враќа на понатамошно постапување во Првостепениот суд

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ilustracija-sudstvoАпелациониот суд – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави решение со кое жалбата на обвинетите З.В., С.В., З.З. и Б.П. кои се дел од предметот КОК бр. 77 /15 ,во јавноста познат како „Пуч“, изјавена преку нивниот бранител против решението на судијата за запирање на постапката за конкретниот предмет, се уважува и предметот се враќа на понатамошно постапување.

Второстепениот суд утврдил дека Кривичниот суд не ги повредил одредбите од кривичното материјално и процесно право кога донел решение за запирање на постапката за конкретниот предмет бидејќи во времето на донесување на решението во правниот поредок егизистирала Одлуката на Претседателот на Р.М. за помилување – ослободување од понатамошно гонење без спроведување на постапка за обвинетите.

Но, имајќи во предвид дека со повлекување на аболицијата односно Одлуката на Претседателот на Р.М. за помилување – ослободување од понатамошно гонење, се поништуваат и правните последици кои настанале со донесување на Одлуката и се воспоставуаат правните односи и состојби кои постоеле пред донесување на овој акт, Второстепениот суд постапувајќи по службена должност утврдил дека жалбата е основана и предметот се враќа на понатамошно постапување во Првостепениот суд.

Препорачуваме

Партнери на Правдико