Случајот за ,,Диво Насеље" се одлага поради необезбедени просторни и безбедносни услови | Правдико

Правдико

   

Случајот за ,,Диво Насеље” се одлага поради необезбедени просторни и безбедносни услови

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sud-osskopje1Главната расправа за предметот со КОК бр. 127/15 поврзан со случувањата од Кумановско Диво Насеље која требаше да продолжи денеска со решение на претседателот на советот надлежен за постапување, се одлага бидејќи не се обезбедени просторни и безбедносни услови.

Имено откако Советот за оценка на обвинителен акт, по одржана јавна седница донесе одлука со која го одобри обвинението против 8 лица приведени во акцијата во јавноста позната како „Молња“, а Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побара спојување на двете постапки поврзани со настаните од Диво Насље во една постапка, Претседателот на советот донесе решение со кое постапките по предметите КОК. Бр 127/15 и КОК бр. 35/16 ќе се водат како единствена постапка.

Со тоа предметот денеска требаше да почне одново, но имајќи предвид дека сега обвинети се 37 лица, а во судската сала треба да присуствуаат и 15 адвокати како и спроводници од Казнено -поправните установи, воедно имајќи го во предвид и медиумскиот интерес за овој предмет, во Судницата 1 на Кривичниот суд не може да се обезбедат потребните технички и безбедносни услови за одржување на главната расправа.

Во серијата на преписки кои судот изминатиот период ги имаше со Врховниот суд на Р.М.и Министерството за правда, а во врска со просторното и техничко ограничување за водење на овој предмет, а воедно ценејќи го и јавниот интерес за истата постапка, судот дополнително се обрати до Министерот за правда и побара со посебна одлука на Министерството да ни биде доделна на користење големата сала во Врховниот суд се до завршување на постапката, бидејќи со оглед на нивните надлежности од член 82 в.в со член 83 од Законот за судови, горе наведеното е потребно да се обезбеди како општ услов за вршење на судската власт.

Дополнително судот се обрати и до Врховниот суд на Р.М.со барање да ни се одобри користење на големата сала каде може да се обезбедат сите неопходни услови за водење на предметот, како и присуство на претстваниците на медиумите, невалдините организации и семејствата на обвинетите. Но и ова барање Врховниот суд го одби со образложение дека:

„Салата на Врховниот суд на Република Македонија е од свечен карактер за одржување на свечени настани и во истата не постојат услови и не е опремена да функционира како судница. Од друга страна долколку се овозможи во оваа сала да се одвива предметното судење, во целост ќе се загрози безбедноста и редовното функционирање на судот.“

Инаку според дописот што го добивме од Министерството за правда, како суд сме известени дека и Миниството за внатрешни работи побарало од Министерството за правда да ја обезбеди големата сала на Врховниот суд на Р.М. заради водење на овој предмет бидејќи во просториите на Основниот суд Скопје 1 – Скопје неможе да се обезбедат потребните сигурносните услови стои во соопштението од кривичниот суд.

Токму затоа главната расправа се одлага за 19.05.2016 за кога судот повторно ќе се обрати до Министерството за правда за обезбедување услови за вршење на судссата власт.

Препорачуваме

Партнери на Правдико