Службен весник идната недела ќе ја објави одлуката за претседател на Собранието | Правдико

Правдико

   

Службен весник идната недела ќе ја објави одлуката за претседател на Собранието

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавното претпријатие „Службен весник на Република Македонија“ денеска соопшти дека е доставено барање за објавување на Одлуката за избор на претседател на Собранието и дека таа ќе биде објавена во почетокот на наредната недела во првиот број на Службениот весник.

– Согласно со позитивните законски прописи во однос на поднесеното барање, Одлуката за избор на претседател на Собранието на Република Македонија ќе биде објавена во првиот нареден број на „Службен весник на РМ“ во почетокот на наредната недела – стои во соопштението од јавното претпријатие.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико