Службеничка бележела полн фонд часови на работници што не оделе на работа
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривична пријава е поднесена против 64-годишна жителка на Кочани, која се сомничи дека ги злоупотребила службената положба и овластување.
Според полицијата во Кочани, службеничката која работела како виш реферетн за боречка и инвалидска заштита во Управата за прашања на БВИ, при Министерството за труд и социјална политика, изготвувала прегледи за редовност на работа за две лица од Кочани и Виница, вработени во истата Управа.
Таа евидентирала дека наведените лица оствариле полн фонд на работни часови предвидени за тековниот месец, иако тие не оделе на работа.На тој начин им овозможила незаконски да стекнат 224.058 денари на штета на Буџетот на Република Македонија.
Извор: Макфакс