Службеник на NSA обвинет за кражба на тајни податоци, му се закануваат 200 години затвор | Правдико

Правдико

   

Службеник на NSA обвинет за кражба на тајни податоци, му се закануваат 200 години затвор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Педесет и двегодишен Американец кој работел за американската Агенција за национална безбедност (NSA), како и за други владини агенции во Соединетите држави, обвинет е во средата за задржувње информации со ознака на „врвна тајност“.

Харолд Мартин, која на 27-ми август 2016 година беше уапсен под сомнение дека „отуѓил неверојатно количество“ тајни податоци, би можел да биде обвинет по 20 точки, од кои за секоја може да добие по десет години затвор.

Мартин, кој живеел во Мериленд, сојузната држава која граничи со сојузната престолнина Вашингтон, ги преснимувал и задржувал доверливите информации чијшто обем се проценува на најмалку 50.000 гигаоктети.

Истрагата сé уште не утврдила дали Харолд Мартин овие податоци ги предал на странски интереси или влади.

Тие документи со ознака за највисок степен на тајност се пронајдени во домот наосомничениот и во неговиот автомобил. Полицајците, покрај тоа, заплениле и „арсенал“, во кој имало десет парчиња огнено оружје, меѓу кои и јуришна пушка.

Мартин работел како надворешен соработник на NSA, американска разузнавача агенција специјализирана за шпионирање на електронските комуникации низ светот.

Случајот е многу непријатен за челниците и за самата NSA, која дојде во центарот на вниманието пред три години кога друг нејзин консултант Едвард Сноуден на медиумите им достави документи за масивното следење на комуникациите на милиони луѓе во светот, па дури и на челниците на земјите сојузнички на САД.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико