Правдико

   

Службениците во јавните обвинителства ќе добијат статус на јавнообвинителски службеници -Предлог закон

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Уредувањето на правата, должностите и одговорностите на лицата вработени во јавните обвинителства за вршење на стручни работи, како и дефинирањето на нивниот статус, ја наметна потребата од донесување на нов закон кој поблиску  ќе го регулира конкретното прашање.

20912golema

Со Законот за јавнообвинителска служба се заменуваат постоечките одредби од Законот за Јавното обвинителство (Службен весник на Република Македонија бр.150/2007, 11/2008)  во Оддел 7 (чл. 76- чл.87), кои се однесуваат на вработените во јавните обвинителства, проширувајќи го кругот на јавнообвинителските службеници и менувајќи го нивниот статус на државни службеници. Законот дефинира дека  јавнообвинителски  службеник е лице кое во јавните обвинителства врши стручни, административно-технички, извршни, статистички и материјално-финансиски работи,  вклучувајќи ги и лицата кои вршат стручни работи поврзани со следење, откривање и истражување на криминалитетот.

Правата, обврските, одговорностите, како и платата на вработените во јавното обвинителство, кои имаат статус на државни службеници, се уредени со Законот за државните службеници.

Собранието на Република Македонија ги донесе Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор. Согласно Законот за административни службеници, вработените во администрацијата на јавнотоното обвинителство имаат статус на административни службеници, кои поради специфичноста на работите кои ги извршуваат, во својот материјален закон одредени постапки можат да ги уредат на поинаков начин од утврдениот во Законот за административни службеници.

За таа цел, а имајќи го во предвид нивниот специфичен статус, а пред се специфичниот карактер на работите и работните задачи кои ги извршуваат, се предлага донесување на посебен закон, во кој за прв пат ќе се уредат правата, обврските и одговорностите на јавнообвинителските службеници.

Предлог законот можете да го превземете ТУКА

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико