Смртна казна за бостонскиот бомбаш: После 12 часа судење Џохар Царнаев прогласен за виновен | Правдико

Правдико

   

Смртна казна за бостонскиот бомбаш: После 12 часа судење Џохар Царнаев прогласен за виновен

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

БОСТОН: Џохар Царнаев, обвинет за бомбашкиот напад на бостонскиот маратон во 2013-та, каде се убиени тројца луѓу, прогласен е за виновен по повеќе точки од обвинението со што се претпоставува дека ќе добие смртна казна – пренесува британскиот Би-Би-Си (BBC).

carnajev-tamerlan-carnajev

Поротата во Масачусетс сега треба да одлучи каква казна ќе добие 21-годишниот Царнаев. Одлуката дека е виновен ја донесе после нешто повеќе од 12 часа судење, што се одвиваше во 2 дена. Во нападот од 2013-та кога на целта на маратонот во Бостон експлодира бомба, ранети се 260 луѓе.

Адвокатите на Царнаев остануваат на тоа дека тој имал улога во нападот, но инстистираат дека неговиот постар брат, кој е убиен, бил главниот организатор и движечката сила на нападот. Во деновите после нападот, кога браќата Царнаев пробале да побегнат, убиен е и еден полицаец.

Би-Би-Си оценува дека донесената пресуда за Царнаев е очекувана, бидејќи неговиот адвокат, на изненадување на сите на почетокот од судењето рече дека 21-годишниот студент имал улога во нападот.

Британските медиуми додаваат дека тоа признаение било дел од стратегијата на одбраната – да се означи постариот брат, Тамерлан Царнаев, како организатор на нападот, кој извршил пресудно влијание на помладиот брат да му се придружи.

Обвинителите, двајцата браќа ги претставија како рамноправни партнери во планот да ја „казнат Америка“ за војните во муслиманските земји. Царнаев е по потекло од Чеченија. Неговата фамилија се преселила во САД околу 10 години пред нападите во Бостон.

Партнери на Правдико