Правдико

   

Смртна казна за поранешниот пакистански претседател Мушараф

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот во Пакистан му одреди смртна казна на поранешниот претседател Первез Мушараф, заради велепредавство и суспензија на Уставот на земјата пред 12 години. Специјалниот суд во Исламабад денеска ја објави пресудата.

Мушараф владееше со Пакистан од 1999 до 2008 година. Тој сега живее во егзил во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати.

Во видео изјава објавена на почетокот на овој месец, на која се гледа дека 76 годишниот поранешен лидер на земјата е во болнички кревет, тој го опиша случајот против него како „неоснован“.

Мушараф во 1998 беше назначен да ја предводи пакистанската армија, а следната години со воен удар го собори тогашниот премиер Наваз Шариф. Од 2001 до 2008 година беше претседател на земјата.

Во 2007 го суспендираше уставот, што предизвика протести, по што во август 2008 си поднесе оставка.

Мушараф, кој живее во самонаметнат егзил, откако му беше дозволено да ја напушти земјата заради медицински третман во 2016 година, одби да се врати и да се појави пред судот.

Тој тврди дека случајот е политички мотивиран и дека дејствијата што ги презел во 2007 година биле договорени од владата.

За Мушараф се вели дека е многу болен и веројатно нема да се врати во Пакистан за да се соочи со казната. Пакистан и Емиратите немаат договор за екстрадиција.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико