Смртната казна - промотер на насилството наместо решение | Правдико

Правдико

   

Смртната казна – промотер на насилството наместо решение

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

An execution chamber in TexasСмртната казна претставува целосно негирање на човековите права. Тоа е ладнокрвно убиство на човечко суштество од страна на државата во името на правдата. Смртната казна го крши правото на живот утврдено во Универзална декларација за човековите права.Тоа е груба и нечовечна казна, без разлика во која форма се изведува – бесење, обезглавување, давање смртоносна инјекција или друго.

Никогаш нема да има оправдување за измачувањето или за грубото однесување. Исто како и измачувањето, егзекуцијата се состои од екстремна физичка и ментална навреда врз индивидуалецот. Физичката болка предизвикана од убивањето на човековото суштество не може да се измери, исто како и психолошкото страдање предизвикано од исчекувањето на смртта.

Смртната казна дискриминира и честопати се користи непропорционално против сирмашните, малцинствата или членовите на етничките или религиозни заедници. Таа се изведува своеволно. Во некои земји, смртната казна се користи како начин за угнетување за да се замолчи политичката опозиција. Во други земји, дупките во правниот процес се надополнети од дискриминацијата и неадекватната легална одбрана. Сè додека човековата правда во себе содржи недостатоци, ризикот за пресудување смртна казна за невина личност не може да се занемари. 153   Податоците кажуваат дека во 2013 година биле извршени 778 егзекуции (потврдени) што е пораст од 15% за разлика од  2012 година. Според податоците на Амнести во Кина биле извршени илјадници егзекуции но оваа земја не дава никакви податоци и информации за смртните казни. Screenshot_3   Исто така е забележан  и тренд на зголемување на бројот на земји кои ја напуштаат смртната казна.

Главни причин зошто треба да се забрани  смртната казна:

– ја исклучува можноста за покајување и помирување.

– промовира површни и упростени одговори на комплицираните човекови проблеми наместо барање објаснување кое може да вклучи позитивна стратегија. – го зголемува страдањето на блиските на осудениот и го продолжува страдањето на семејството на убиената жртва.

– ги одвратува ресурсите и енергијата кои може да бидат искористени подобро во борбата против криминалот.

– е симптом на култура на насилство, не решение на истата.Таа е навреда на човековата достоинственост.

– треба да биде забрането секаде. Сега.

Автор: Драгана Петрушевска

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико