Смртната казна во 2015: Факти и бројки
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Глобални податоци
Најмалку 1.634 луѓе биле егзекутирани во 25 земји во 2015-та година. Ова претставува остар пораст на бројот на егзекуции евидентирани во 2014 година за повеќе од 50%; во 2014 година се евидентирани 1.061 егзекуција во 22 земји во светот.
Ова е најголем број на егзекуции евидентиран во повеќе од 25 години (од 1989 година).
Најмногу егзекуции се случиле во Кина, Иран, Пакистан, Саудиска Арабија и САД – по тој редослед.
Кина остана топ егзекутор во светот – но вистинската бројка за употребата на смртната казна во Кина е непозната бидејќи овие податоци се сметаат за државна тајна; бројката од 1.634 ги исклучува илјадниците егзекуции кои се верува дека биле извршени во Кина.
Исклучувајќи ја Кина, речиси 90% од сите егзекуции се случиле во само три земји – Иран, Пакистан и Саудиска Арабија.
Во текот на 2015 година, 25 земји, околу една во 10 од сите земји во светот, се знае дека извршила егзекуција – зголемување од 22 во 2014 година. Овој број значително се намали од пред две децении (39 земји вршеле егзекуции во 1996 година).
140 земји во светот, повеќе од две третини, се залагале за укинување на законот и праксата на погубување.
Во 2015 година, четири земји – Фиџи, Мадагаскар, Република Конго и Суринам – ја укинаа смртната казна за сите кривични дела. Вкупно 102 земји го направиле тоа – поголемиот дел од државите во светот. Во 2015 година, Монголија, исто така, го усвои новиот кривичен законик за укинување на смртната казна, која ќе стапи на сила подоцна во 2016 година.
Помилувања на смртните казни се регистрирани во 34 земји во 2015-та година. Најмалку 70-тина луѓе кои биле осудени на смрт се ослободи во шест земји во 2015 година: Кина (1), Египет (1), Нигерија (41), Пакистан ( најмалку 21), Тајван (1) и САД (6).
Најмалку 1.998 смртни казни биле евидентирани во 61 земја во 2015 година, што претставува пад од 2014 година (најмалку 2,466 смртни казни во 55 земји).
Најмалку 20.292 луѓе беа осудени на смрт на крајот на 2015 година.
Следниве методи на егзекуција се користат низ светот: обезглавување, бесење, смртоносна инјекција и стрелање.
Извештаи покажуваат дека најмалку девет лица, кои беа под 18 години во времето на кривичното дело за кое се осудени на смрт биле егзекутирани во 2015 година – четири во Иран и пет во Пакистан.
Во многу земји, каде што луѓето биле осудени на смрт и погубени, постапката не ги исполнувала меѓународните стандарди за фер судење. Во некои случаи, ова вклучува екстракција на “признанија” преку тортура или друг вид малтретирање, вклучително во Бахреин, Кина, Иран, Ирак, Северна Кореја и Саудиска Арабија.
Субсахарска Африка
Најмалку 43 егзекуции биле извршени во четири земји – во споредба со 46 егзекуции во три земји во 2014 година.
Смртната казна падна нагло од 909 во 2014 година на 443 во 2015 година, главно како резултат на намалувањето во Нигерија.
Чад, каде што не се извршила егзекуција во повеќе од една деценија, продолжи со погубувања и биле усмртени 10 луѓе. Другите три земји кои извршиле егзекуции се Сомалија, Судан и Јужен Судан.
Северна и Јужна Америка
За седма година по ред, САД е единствената земја што извршува егзекуции во регионот Америка со 28 лица егзекутирани во 2015 година (седум помалку отколку во 2014 година). Ова беше најмал број на егзекуции евидентиран во текот на една година од 1991 година. Шест држави погубиле во 2015 година во споредба со седум претходната година. Бројот на смртните казни се намали од најмалку 72 во 2014 година на 52 во 2015 година, најмалиот број регистриран од 1977. Само една друга земја во регионот, Тринидад и Тобаго, воведе смртната казна во 2015 година.
Азија-Пацифик
Најмалку 367 егзекуции биле извршени во 12 земји – огромен пораст на 32 егзекуции во девет земји, евидентиран во 2014 година, речиси исклучиво се должи на порастот во Пакистан. Оваа бројка не се вклучени егзекуциите извршени во Кина, каде што погубувањата се сеуште илјадници. Но вистинската бројка за употребата на смртната казна во Кина е непозната бидејќи овие податоци се сметаат за државна тајна.
Пакистан погуби 326 луѓе во 2015 година откако земјата го укина шестгодишниот мораториум на егзекуција на цивили во декември 2014 година, по нападот на Талибанците врз училиште во Пешавар. Тоа е најголем број на егзекуции што досега е регистрирн за Пакистан.
Индонезија изврши 14 погубувања за кривични дела поврзани со дрога, првите егзекуции во времето на претседателот Joko Widodo.
Невозможно беше да се потврди вистинскиот број на егзекуции во Северна Кореја.
Европа и Централна Азија
Белорусија – единствената земја во регионот во која се спроведува смртната казна – не запиша ниту еден случај на екзекуција во 2015 година, но беа донесени пресуди за две смртни казни (во споредба со три егзекуции и без смртни казни во 2014 година).
Блискиот Исток и Северна Африка
Најмалку 1.196 егзекуции биле извршени во осум земји – зголемување од 26% од 945-те егзекуции во осум земји во 2014 година.
Само Иран придонесе за 82% од сите регистрирани егзекуции во регионот.
Саудиска Арабија погуби најмалку 158 луѓе – зголемување од 76% во однос на 2014 година, а најголем број регистрирани за Саудиска Арабија од 1995 година.
Не може да се потврди дали егзекуции се случиле во Сирија.