Смртоносен самоубиствен бомбашки напад во Авганистан | Правдико

Правдико

   

Смртоносен самоубиствен бомбашки напад во Авганистан

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Мета на бомбашот-самоубиец наводно биле припадници на безбедносните сили на НАТО, но наместо тие, загинаа цивили.

aerodrom-kabul-napad

Во нападот на бомбашот-самоубиец во близина на аеродромот во главниот град на Авганистан, едно лице загина, а 13 беа ранети.

Нападот извршен на улицата во близина на влезот на воениот аеродром во Кабул.

Се чини дека цел на нападот биле припадниците на безбедносните сили на НАТО.

“Стоев пред дуќанот кога слушнав силна експлозија. Одеднаш сè стана црно околу мене и ме прскаа парчиња метал. Стоев три метри од местото на експлозијата. Видов еден тинејџер кој лежеше мртов на земја. Тоа беше страшно” рече механичарот Маиванд Јан.

 

Во нападот се уништени неколку возила, а многу продавници се оштетени.

“Им држев настава на децата во џамијата кога се случи нападот. Повреден сум во раката”, истакна имамот Кари Нор Ага.

Началникот на полицијата во Кабул изјави дека цел на нападот е да предизвика страв кај населението.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико