Снимка од „Тортура“: Бошкоски повторно донесен на паркингот пред „Воденица“ | Правдико

Правдико

   

Снимка од „Тортура“: Бошкоски повторно донесен на паркингот пред „Воденица“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На втората снимка пуштена на денешното рочиште за случајот „Тортура“ може да се види како оштетениот во случајот, Љубе Бошкоски, повторно е донесен на паркингот кај ресторанот „Воденица“, како што рече обвинителот од СЈО, Љубомир Лапе, од страна на единицата за специјални задачи „Тигар“. На самото место е присутен и адвокатот Љубомир Михајловски Џанго, а се слуша и разговор помеѓу инспекторите и адвокатот како се бара да се потпишат сите записници.

Од видеоснимката се гледа како се пристапува кон преглед на возилото каде што е присутен и приведениот Бошкоски, кој во тој момент се наоѓа од другата страна на возилото и е одалечен од приколката и подвижниот тоалет. Забележливо е и присуство на инспектори кои носат качулки на главата, но не се гледа ниту еден од сега обвинетите припадници на единицата „Алфи“.

На снимката направена од МВР се гледа дека припадниците на единицата „Тигар“ немаат никаков контакт со Бошкоски за разлика од првиот пат додека траело апсењето каде, според обвинението, на Бошкоски му бил ставан пиштол на образот и му биле упатувани пораки.

Во случајот „Тортура“ на СЈО покрај првообвинетиот Сашо Мијалков, обвинети се и припадниците на полициската единица „Алфи“, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Филип Атанасов, Петар Милошевски, Јован Боцевски и Метуш Шабани за извршена тортура врз лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Наредното рочиште е закажано за 20 ноември каде ќе се продолжи со разгледување на видео материјалите од МВР.

Виктор Јованов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико