Снимката е од протест во основно училиште од јануари, вели Стојановски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Марјанче Стојановски, градоначалникот на општина Демир Хисар од редовите на СДСМ, кој вчера беше повикан на информативен разговор во полициска станица поради заканите кон вработените, рекол дека снимката која се појавила на интернет е од протест во основното училиште „Гоце Делчев“ во Демир Хисар кој се случил во средината на јануари, годинава. Протестот се одржал поради промена на две учителки во други подрачни училишта, информираат од полицијата.
По насока на Јавно обвинителство во Битола, Стојановски по разговорот е пуштен од полициската станица, а во врска со овој случај ќе се повикуваат повеќе лица на службен разговор со цел негово целосно расчистување, додаваат од МВР.
Градоначалникот на Демир Хисар во пресрет на референдумот, како што можеше да се слушне на видеото кое излезе во јавноста, им се заканувал на вработените во училиштата дека ќе ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат. Вработените во општината пак добивале закани за преместување од нивните работни места и отпуштања.
Извор: Макфакс