Правдико

   

Снимките во „Поткуп“ ќе бидат доказ против Заев

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На денешното рочиште за случајот против првиот човек на Владата, Зоран Заев, судијата го одби предлогот на одбраната да бидат отфрлени посебните истражни мерки на обвинителството. Според советот на Основниот суд Скопје 1, снимките биле стекнати легално и законски, па врз основа на тоа, судијата Дарко Тодоровски образложи дека тие можат да бидат доказ при постапката.

Според обвинителството, Заев побарал поткуп со умисла да изврши кривично дело.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од приближно 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико