Сноуден бара од Обама да го помилува | Правдико

Правдико

   

Сноуден бара од Обама да го помилува

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

12122013190652_snoudenНајпознатиот американски свиркач и поранешен соработник на НСА, Едвард Сноуден, го повика претседателот на САД, Барак Обама, да го помилува.

Тој вели дека било „морално неопходно“ да ги објави податоците за масовниот надзор.

– Да не беа тие сознанија, тие откритија, ќе беше полошо за нас – изјави Сноуден, кој помина три години во Русија, откако го предизвика еден од најголемите скандали со протекување на информации во американската историја.

Сноуден, чија дозвола за престој во Русија истекува наредната година, порача дека е подготвен да помине време во затвор во САД и дека многу се жртвувал за својата земја.

– Постојат закони во книгите кои говорат едно, но можеби поради тоа постои моќта на помилувањето – за исклучоци, за работи кои можеби изгледаат незаконски на хартија, но кога ги гледаме морално, кога ги гледаме етички и кога ќе ги погледнеме резултатите, се чинат како да биле неопходни – порача Сноуден од Москва во интервју преку видеолинк за британски „Гардијан“.

Сноуден во мај 2013 година ја напуштија својата работа во НСА и отпатува за Хонгконг од каде го почна објавувањето на доверливите податоци за глобалните програми за следење и за тоа како НСА прислушувала телефони и компјутерски системи, предизвикувајќи загриженост на владите во светот.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико