Со фалсификат сакале да стигнат до субвенции | Правдико

Правдико

   

Со фалсификат сакале да стигнат до субвенции

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvrПС Гевгелија поднесе кривична пријава против Г.М.(31) од Валандово, соработник во Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство-ПЕ Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, Е.О.(37) од Струмица, волонтер во ПЕ Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“, Љ.П.(48) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност“ и „соизвршителство и Н.О.(35) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“.

Првопријавената во текот на 2012 година, злоупотребувајќи ја службената положба им издала потврда на Љ.П. и Н.О. за евидентиран лозов насад и лозовите насади ги запишала на нивно име, иако биле во сопственост на ТДПП „Агро Лозар“ АД-Богданци. Во периодот од октомври 2012 до јули 2013 година, Е.О. поттикната од Љ.П. и Н.О. внела невистинити податоци и со свој потпис ги заверила апликациите за добивање субвенција за лозовите насади-финансиска поддршка во рамки на програмата за финанска поддршка во земјоделството иако знаеле дека лозовиот насад не е во нивна сопственост.

На овој начин на Љ.П. и Н.О. им овозможила да се стекнат со противправна имотна корист од 222.816 денари, оштетувајќи ги Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој и Буџетот на Р Македонија.

Препорачуваме

Партнери на Правдико