Со „голф“ удрил во луѓе на пешачки премин, а потоа избегал
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вчера на пешачки премин на тетовската улица Браќа Миладинови, автомобил „голф“, без регистарски ознаки, удрил во двајца пешаци на возраст од 22 години.
По инцидентот, возачот, без да застане, го напуштил местото на настанот. Пешаците добиле повреди и биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа на тетовската полиција, од каде што преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс