Со Јакимовски осомничени уште 8 службеници за злоупотреба | Правдико

Правдико

   

Со Јакимовски осомничени уште 8 службеници за злоупотреба

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал е за злоупотреба на службената положба и овластување е против поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и двајца негови соработници, раководители на секторите за експропријација и урбанизам, кои беа уапсени утрово, дознава „Макфакс“.

Финансиската полиција била директно вклучена во истрагата на обвинителството. Освен Јакимовски, на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд се донесени уште шестмина бизнисмени од градежниот сектор.

Според првичните неофицијални информации, вкупно девет се осомничени дека ја злоупотребиле службената положба, а поранешниот градоначалник Јакимовски и двајцата соработници, времени објекти на државно земјиште што не смееле да бидат легализирани, ги легализирале и ги продавале.

ОЈО побара притвор за овие тројца осомничени, а за шестмина бизнисмени кои се на распит во Кривичниот суд се побарани мерки на претпазливост, односно да им бидат одземени пасошите и да се јавуваат еднаш неделно во судот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико