Со петиција до Владата се бара воведување работно време од 7 до 15 часот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со петиција адресирана до Владата, Совет на град Скопје, повеќе други институции и група граѓани преку change.org бараат воведување работно време од 7 до 15 часот.
Активистите укажуваат дека со промена на работното време ќе се добие поголема посветеност на работата, бидејќи човековото тело и ум е поефикасно во утринските часови.
Според нив ќе се добие и поголема заштеда на електричната енергија (во лето за ладење, а во зима за греење) и поголема посветеност на семејството, а посебно со цел поголема улога и одговорност во правилното воспитување на сопствените деца, како и повеќе време за факултативни активности и хобија, што ќе овозможат подобрување на општата здравствена состојба на вработените.
Извор: еМагазин