Со пиштол ограбена бензинска пумпа во Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Маскирано лице извршило разбојништво на бензинска пумпа на улица „Радишанска“ во Скопје, со закана од пиштол, одземајќи 33.600 денари од вработените, по што избегал во непознат правец.
Инцидентот бил пријавен во ЕИК Скопје, во два часот и 23 минути по полноќ.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Нова Македонија