Со пиштол застрелале куче скитник во Ново Лисиче | Правдико

Правдико

   

Со пиштол застрелале куче скитник во Ново Лисиче

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Три непознати лица синоќа со пиштол застрелале куче скитник.

Според информациите на МВР, вчера околу 23 часот во полиција било пријавено дека околу 22.30 часот на паркинг позади трговски центар во Ново Лисиче, три лица кои биле со автомобил, со истрел од пиштол застрелале куче скитник.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико