Правдико

   

Со првата сесија “Вовед во политика и идеологија” беше отворена Школата за анти-авторитарни студии

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 17 април 2019, на Правниот факултет во Битола се одржа првото предавање на Школата за Анти-авторитарни Студии – Стив Наумов, на тема Вовед во политика и идеологија, во изведба на Проф. Д-р. Ненад Марковиќ, кој доаѓа од Правниот факултет во Скопје.

Студентите на школата имаа шанса да се запознаат со концептот на политика, полис, современа држава и идеологија. Професорот го истакна значењето на полис како секое прашање кое се однесува на сите, и наведе шест основни разбирања за политиката: идеалистичко, христијанско, натуралистичко, рационално, анархистичко и марксистичко.

 

Исто така ги истакна антрополошките концепции за човекот, како лош, добар и зависно од контекстот, а наспроти овие концепции ја постави политиката како добра, лоша, нужна итн. Во продолжение ја дефинира (политичката) идеологијата како помалку или повеќе единствен збир на идеи кој дава основа за организирана политичка акција, без оглед дали нејзината цел е зачувување, промена или рушење на постојниот систем на поделба на моќта. Издвои неколку основни улоги на идеологијата, спознајна, пролагодувачка, интегративна, превратничка, контролна, идентификациона и експресивна улога, кои се поврзуваат со одреден аспект на идеологијата.

Во таа насока, ја направи најбитната разлика помеѓу идеологиите, и тоа на отворени и затворени идеологии. Во затворени идеологии ги вброи фашизмот, нацизмот, комунизмот, за кои е карактеристична апсолутистичкиот пристап кон вистината, додека во отворени ги наведе либерализмот, либертаријанизмот, социјал-демократијата, кои ги повеќе или помалку ги поврзува вредноста на индивидуална слобода и слободен пазар.

За крај ги објасни трите основни идеи кои се основата на секоја модерна политичка идеологија, кои потекнуваат од Француската револуција, слобода, еднаквост и братство, и ги претстави основните модели на политички спектар, лев-десен, како и авторитарен-слободен.

Целта на ова предавање беше запознавање на студентите со основните концепти на политиката и идеологијата, со што истите би стекнале основните предзнаења, за подоцна да го надоградат своето знаење во однос на авторитарните режими, како и нивната алтернатива – индивидуалната слобода.

Целта беше исполната благодарение на темелното предавање кое предизвика особен интерес кај студентите на школата. Следното предавање ќе се одржи, исто така на Правен факултет, на ден 22 април – понеделник, на тема Тоталитаризам и илиберализам, во изведба на Деканот на Правниот факултет, Битола – Проф. Д-р. Горан Илиќ.

Партнери на Правдико