Со Законот за ЈО, оживуваат и предметите во истрага на СЈО
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Новиот законо за јавно обвинителство ги враќа во живот , не само предметите на СЈО кои се во судска процедура, односно имаат обвинителни акти пред 30 јуни во 2017 година, туку во игра се враќаат и досиејата на СЈО кои се во предистрага или во фаза пред обвинителен акт, а за кои Врховниот суд донесе одлука дека по 30 јуни во 2017 година обвинителско-судските институции не смеат да преземаат ништо.
Имено, сите предмети кои произлегоа од прислушкуваните материјали кои ги обработуваше СЈО и по кои обвинителството започнало предистражна постапка, отворило истраги или поднело обвиненија после 30.06.2017 година, како и постапките за нив, продолжуваат без можност да се негираат пред ниеден суд. Факт е дека Врховниот суд со начелниот правен став од јануари 2019-та сите овие постапки ги негираше, повикувајќи се на изминатиот рок од 18 месеци од законот за СЈО и донесе обврзувачко правно мислење за своите совети дека за овие постапки СЈО не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија.
Во одлуката на Врховниот суд, кој беше под водство на Јово Вангеловски, се наведува: „Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за СЈО, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка“.
Според ова, сите предмети кои ќе стигнеа во Врховниот суд, кои ги започнало СЈО, а не поднело обвинение до 30.-ту јуни, 2017- та ќе беа поништени од страна на Врховниот суд на РСМ. Овде станува збор за предметите како што се „Талир 1“ и „Талир 2“, за кои обвинението е и на правна сила, потоа „Скопје 2014“, „Патарина“, „Актор“, „Моќник“, „Империја“, „Попис“, „Поштенска банка“, „Гасовод“ и други за кои се спроведува истражна постапка и сигурно и многу предистраги кои ги започнало СЈО, а кои согласно Законот за кривична постапка се тајни.
Ова правно мислење на Врховниот суд ќе опстојуваше и покрај фактот што Јавниот обвинител на РСМ ги презеде овие предмети затоа што тие предмети се започнати од СЈО и Врховниот суд ќе мораше да си го почитува своето мислење и овие предмети немаше да имаат своја завршница без новиот Закон за јавно обвинителство. Сведоци бевме дека стручната јавност и заинтересираните страни бараа од законодавната власт да даде автентично толкување на законот за СЈО, за тоа до кога СЈО може да отвара предмети.
Со новиот Закон за ЈО (член 108 став 2 и 3) сите предмети да продолжат во надлежните обвинителства всушност посредно се дава автетнтично толкување дека СЈО имало право да отвора предмети и по рокот од 30 јуни во 2017 година и во целост се анулира штетата од правното мислење на Врховниот суд.
Став 2: Постапките кои се започнати до влегувањето на сила на овој закон ќе продолжат согласно одредбите од овој закон.
Став 3: Предметите од надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите преземени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија се распоредуваат на јавните обвинителства на натамошно кривично гонење согласно нивните надлежности утврдени со овој закон.
Овие предмети, согласно одредбите од новиот Закон за Јавно обвинителство, потпаѓаат во надлежност на надлежнитете обвинителства и постапките по нив продолжуваат во истата фаза во која се наоѓаат сега предметите. Со ова мислењето на Врховниот суд беспредметно и затоа ова е најголемата придобивка од овој закон. Токму од тоа произлегува дека законот треба да обезбеди правда за сите, односно да нема привилигирани осомничени за кои СЈО, од различни причини, подоцна ја започнало постапката.
Што се однесува до користењето на незаконски прислушкуваните материјали со законот се обезбедуваат светски стандарди за таквите докази. Нема пречка судот врз основа на
праксата на домашните судови и праксата на Стразбург незаконските снимки, кога е повисок јавен интерес, да може да ги цени како доказ, се разбира со други правно валидни докази.
Извор: НоваТВ