Правдико

   

Со законски измени ќе се дозволува прекугранично спојување со друштва од Европската унија

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Националната програма за усогласување со законодавството на ЕУ, во делот на Поглавјето 3.06. Право на трговските друштва, врз основа на препораката од Извештајот на Европскта комисија за прогресот на Република Македонија, од 2018 година, предвидено е доусогласување со Директивата 2005/56/ЕК за прекугранично спојување на друштвата со ограничена одговорност, заменета со ДИРЕКТИВАТА (ЕУ) 2017/1132, врз основа на која, се подготвени измените на Законот за трговските друштва, во Десетта глава – А. Прекугранично спојување со друштва од Европската унија.

Не се евидентирани проблеми во овој дел, бидејки според членот 34 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (Службен весник на Република Македонија бр.48/2010) одредбите за прекугранично спојување имаат одложена примена со денот на пристапување на Република Македонија во членство на Европската унија.

Со Предлог Законот се воведуваат нови одредби во Десетта глава – А. Прекугранично спојување со друштва од Европската унија, кои имаат за цел доусогласување со европското законодавтсво во делот наЧ -делокругот на примената на одредбите од Десетата глава-А, -начинот на објавување на заедничкиот предлог со условите за прекугранично спојување, и -учеството на вработените во одлучувањето во друштвото.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 01/10/2008 – 30/04/2009

Партнери на Правдико