Правдико

   

Со законски измени ќе се уредува постапката за правно признавање на род

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Законот за матична евиденција не обезбедува јасна процедура за промена на ознаката за пол. Потребно е уредување на постапката за правно признавње на род со цел спроведување на Пресудата на Европскиот суд за човекови права за случајот на лицето Х против Република Македонија (Application no. 29683/16) од 17.01.2019 година како и негово хармонизирање со меѓународните стандарди во оваа област.

 

На децата родени во болницата Систина во периодот од Април 2010 до Декември 2010 година во изводот од матичната книга на родените како место на раѓање впишано им е Злокуќани, а не градот Скопје. Родителите на овие деца се обратија со барање до Министерството за правда, во изводот на матична книга на родени на децата да се внесе градот Скопје наместо Злокуќани.

Со Законот ќе се уредат постапката и условите за правно признавање на род. 2.Ќе се вградат одредби кои ќе овозможат промена на местото на раѓање од Злокуќани во Скопје ретроактивно за децата родени во горе посочениот период во Болницата Систина- Злокуќани.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 11/02/2019 – 31/08/2019

Партнери на Правдико