Со законски измени ќе се забрзува ставањето во промет на вакцините против Ковид-19
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за лековите и медицинските средства се уредуваат лековите и медицинските средства за употреба во хуманата медицина, условите и начинот за обезбедување на нивниот квалитет, безбедност и ефикасност, начинот и постапките за нивно производство, испитување, ставање во промет, промет, формирање на цени, контрола на квалитет, огласување и инспекциски надзор.
Со Законот за лековите и медицинските средства исто така се уредуваат и опојните дроги, психотропните супстанции и прекурзорите потребни за производство на лековите или медицинските средства ако не се уредени со друг закон.
Од моменталната ситуација на светско ниво предизвика Корона вирусот потребно е итно да се заштити населението со ефективни вакцини против Ковид-19 со кои ќе се намалат штетите кои ги предизвика вирусот Ковид-19 и ќе се заштитат економиите на глобалано ниво.
Заради намалување на штетите од Корона вирусот COVID-19 владите низ целиот свет го финансираат развојот на вакцини и склучуваат билатерални договори со производители на вакцини.
Заради сигурност и заштита на македонските граѓани Владата на Република Северна Македонија е должна во најкус можен рок да им обезбеди вакцини на граѓаните против Ковид-19.
Република Северна Македонија заради заштита на населениото од од Корона вирусот COVID-19 пристапи кон COVAX механизмот за набавка на вакцини против Ковид-19, преку кој механизам обезбеди 833.000 дози на вакцина. Исто така, во тек се и разговори со Европската комисија за набавка на вакцините против Ковид-19 како и директни разговори со производителите на вакцини.
Врз основа на претходно наведеното, во услови на пандемија на Ковид-19 прогласена од Светска Здравствена Организација кога директно се загрозени животот и здравјето на луѓето, се утврди потреба од создавање на законски основ за издавање на одобрение за ставање во промет на вакцините против Ковид-19 кога подносителот на барањето нема седиште на територијата на Република Северна Македонија, како и за издавање на условно одобрение за ставање во промет во случај кога барателот кон барањето не ја доставил целокупната документација согласно членот 20 од Законот за лековите и медицинските средства.
Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА