Со законски измени се предлага зголемување на зелените површини при градење | Правдико

Правдико

   

Со законски измени се предлага зголемување на зелените површини при градење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Предлог измените на законското решение се одговор на потребата која се однесува на просторното и урбанистичкото планирање, во однос на зголемувањето на површините со зеленило во градовите.

Просторното и урбанистичкото планирање е континуиран процес што се обезбедува со изработување, донесување и спроведување на просторен план и урбанистички планови, со цел да се обезбеди урбаното уредување како хуман простор за живеење и заштитата на животната средина. Урбанистичките планови
го планираат развојот на одреден град, а при нивното изработување мора да се почитуваат одредени норми, правила и прописи.

Во Република Македонија, во изминатиот период, целосно беше уништено урбаното планирање како струка беше претворено во техничка служба за цртање планови. Се правеа урбанистички планови според приватна желба, без почитување на условите и нормите при нивно планирање. Многу често се донесуваа на урбанистички планови без водење на грижа за хуманото живеење и развојот на градот, на директна штета на зелениот простор. Зеленилото и сообраќајот се едни од главните фактори што влијаат на квалитетот на воздухот. Во Скопје пред се, овој проблем е најнагласен така што скопскиот воздух може да го спасиме доколку преземеме конкретни долгорочни мерки.

Неопходно е итно запирање на градежната експанзија врз зелените површини. Клучен проблем е и пренамената на јавните простори и зелени површини во градежни парцели и како резултат на тоа имаме згради во парк, на кејот на Вардар, на плоштадот. Во делот на парцелите за изградба на станбени куќи и станбени згради процентот на зеленило треба да биде зголемен од 30% на минимум 40%, за сметка на процентот на изграденост на градежната парцела кој треба да се намали од 70% на макс. 60%.

Со Предлог-законот за изменување на законот за просторно и урбанистичко планирање се предлага зголемување на процентот на зелените површини во правец на подобрување на квалитетот на урбаната средина според веќе утврдени методи.

Со изменувањето на членот 72 од Законот се прецизираат условите во делот во кој се регулира процентот на изграденост и коефициентот на искористеност на земјиштето за објекти со намена А – домување.

Со дополнувањето на законското решение со членот 72-а се предвидува спречување на пренамената на јавните простори и зелени површини во градежни парцели, односно со овој предлог се ограничува можноста да се оформи градежна парцела на земјиште со планирана и изведена класа на намена Д.

Целосениот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико