Со законските измени, донатори на органи ќе се погребуваат на државен трошок
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Погребот на починатите лица кои ќе бидат донатори на органи, ќе биде на државен трошок. Ова се предлага со законските измени во Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело, кој вчера го минаа првиот филтер на собраниската комисија за здравство. Со нив се предвидува на семејството на умреното лице, кој е дарител на органи и ткива да му бидат надоместени реалните погребални трошоци, но најмногу до три просечни месечни нето-плати по вработен исплатени во земјата во последниот месец пред настапување на смртта.
– Сметам дека и ова е во насока на проширување на некои права или можности кои ќе доведат до зголемување на бројот на трансплантации, а со тоа и продолжување на животот на повеќе граѓани во Македонија“, истакна министерот за здравство Никола Тодоров, образложувајќи го предлогот.
За дарување органи и ткива, бенефит се предлага и за живите дарители на органи и ткива. Тие ќе бидат целосно ослободени од плаќање партиципација за лекување и за лекови до крајот на животот.
Минатата година беа направени 36, а годинава се планирани 40 трансплантации.
Извор: Дневник