Собирот на граѓани како облик за непосредно изјаснување на граѓаните за прашања од локално значење | Правдико

Правдико

   

Собирот на граѓани како облик за непосредно изјаснување на граѓаните за прашања од локално значење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

IMG_1939-685x320Собирот на граѓани е облик на непосредно изјаснување на граѓаните во одлучувањето за прашања од локално значење за општините, градот Скопје и општините во градот Скопје   и од значење за месната самоуправа за која се однесува прашањето. Собирот на граѓани се свикува заради изјаснување на граѓаните за одделни прашања од значење за месната самоуправа и заради покренување на иницијативи за решавање на прашања од локално значење.

На собирот на граѓани, граѓаните разгледуваат прашања, заземаат ставови и изготвуваат предлози за прашања од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на граѓаните од подрачјето на општината, односно месната самоуправа.

На собирот на граѓани право да одлучуваат имаат граѓаните со живеалиште на подрачјето на кое се организира собирот.

Собирот може да се свика за подрачјето на целата општина или за подрачјето на   месната самоуправа на која се однесува прашањето. Собирот на граѓани го свикува градоначалникот на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје по сопствена иницијатива, на барање на советот или на барање од најмалку 10% од граѓаните запишани во изводот од избирачкиот список за општината, градот Скопје и општините во градот Скопје, односно на месната самоуправа за која е свикан собирот.

Барањето за свикување собир на граѓани содржи потписи на граѓаните кои се запишани во изводот од избирачкиот список за подрачјето за кое се свикува собирот, и на крај се поднесува до градоначалникот.

Градоначалникот  е должен во рок од 30 дена по приемот на барањето да го свика собирот на граѓани.

За свикување собир на граѓани градоначалникот донесува одлука. Информирањето на граѓаните за собирот на граѓани се врши преку средствата за јавно информирање на начин утврден со статутот на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје.

Conferencing Pen PadsСобирот го води градоначалникот или лице од општинската администрација, односно од администрацијата на градот Скопје кое тој ќе го овласти. За прашањето за кое се расправа на собирот на граѓани известува градоначалникот, а по потреба и претставници на општинската администрација и администрацијата на градот Скопје.

Собирот на граѓани може да усвои заклучоци за работата на органите на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје, при што  Собирот на граѓани заклучоците ги усвојува со мнозинство гласови од присутните граѓани на собирот.

 

Органите на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје се должни во рок од 90 дена од денот на одржувањето на собирот, заклучоците да ги разгледаат и за своите решенија да ги информираат граѓаните преку средствата за јавно информирање на начин утврден со статутот на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико