Собранието денеска за локалните избори и за екстерното
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Собранието на Македонија на денешната четврта седница ќе расправа за избор на членови на парламентарните комисии, како и за измени и дополнувања на Изборниот законик и на законите за основно и за средно образование и за наставници во основните и средните училишта, сите по скратена постапка.
Со измените на Изборниот законик се предлага изборите за членови на совет и за градоначалник наместо да се одржуваат во првата половина на мај ,да се одржуваат секоја четврта година истовремено во сите општини, во првата половина во октомври.
Измените на законите за основно и средно образование и за наставници во основните и средните училишта, сите по скратена постапка, се поднесени од пратениците од владејачкото мнозинство и со нив се предвидува укинување на екстерното тестирање на учениците.
Извор: Радио Слободна Европа