Собранието ги донесе измените на законот за сурогат мајчинство | Правдико

Правдико

   

Собранието ги донесе измените на законот за сурогат мајчинство

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собранието на Република Македонија вчера  на 17-тата седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување.

sobranie-na-rm-640x360

Со ова, прво дополнување на Законот, им се овозможува на брачни двојки на кои од оправдани причини им е уништена способноста на половите клетки (пр. неправилно лекувани полови болести, радиоактивни зрачења при оперирање карцином…) со донирани јајце клетки или сперматозоиди да се оплоди ембрион и да се внесе во матката на гестацискиот носител (сурогат-мајката).
Пратениците истакнаа дека се работи за позитивен и хуман закон кој овозможува алтруистичко сурогат-мајчинство, во интерес на брачни парови кои ги исцрпеле останатите медицински можнсти за добивање дете. Андон Чибишев рече дека се работи за авангардно решение зашто потомство ќе имаат луѓе кои не можат да го имаат на физиолошки начин, и кога генетски материјал немаат ни двајцата партнери.

Донесен е и Законот за изменување и дополнување на Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија. Се работи за исправка на букви во имињата на некои населени места (како Ростуша во Ростуше и Дебарца во Дебрца) и формирање нови населени места кои ќе бидат во постојните граници на општините. Измените се резултат на иницијативи и барања на граѓани до Владата и до Министерството за локална самоуправа. Бидејќи не се работи за промена на меѓуопштинските граници, нема потреба за референдумско гласање. Исто така, жителите не треба веднаш да ги менуваат личните документи, туку кога ќе им истече рокот.

Донесен е и Законот за изменување и дополнување на Законот за градење. Не се прифатени амнадмани на пратеничката Роза Топузова-Каревска која, меѓу другото, забележува на тоа што во законот се предвидува одобрение на градба во технолошко-индустриските рзвојни зони да издава Дирекцијата на ТИРЗ. – Не само што се создава паралелизам во институциите туку се руши и основниот концепт на децентрализацијата, рече Топузова-Каревска. Според неа, треба да се решат во целост и сите имотно-правни односи при изградба на објекти за потребите на државни органи и агенции и граѓаните да бидат обесштетени со цена која нема да биде пониска од пазарната цена на нивниот имот.

На попладневниот дел од денешната расправа, пратениците ги донесоа и измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, и ги усвоија во прво читање предложените измени на Законот за здравјето на растенијата (за проширување на дејнота на Државната фитосанитарна лабоаторија, која досега испитуваше семенски и саден материјал, и акредитррање нови методи за испитување на квалитетот на растенијата и на растителните производи), Законот за безбедност и здравје при работа (се уредуваат правата и обврските на работодавците и вработените во преземањето мерки за заштита при работа, меѓу кои е и обврската на работодавецот да ја достави на мислење до Синдикатот подготвената изјава за безбедност, посебни мерки на заштита на практикантите/студентите при практична работа во рудниците…) и на Законот за пожарникарство (со кој општина Старо Нагоричане ќе има противпожарна заштита зашто со Законот за територијална организација од 2005 таа општина не била ставена во надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување и била без пожарникарска единица).

Собранието на РМ донесе заклучок дека не е оправдано Барањето за давање автентично толкување на член 79 став 1 од Законот за градење, поднесено од градона;алникот на Општина Охрид и заклучок дека не е оправдеано Барањето за давање автентично толкување на ;лен 10 од Законот за јавните набавки, а во врска со члновите 65 и 66 од Законот за водостопанствата, поднесено од пратеникот Зоран Илиоски.

На дневен ред на 17-тата седница се и измените на Законот за тутун и тутунски производи и на Законот за енергетика, двата по скратена постапка, за кои како што рече претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, ќе се расправа кога ќе се создадат деловнички можности.

Извор: Утрински весник

 

Партнери на Правдико