Правдико

   

Собранието го одложи самораспуштањето за 7 април – избори на 5 јуни

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieСо 83 гласа за и три против Собранието ја донесе одлуката за изменување на одлуката за самораспуштање. Законодавниот дом според новата одлука треба да се распушти на 7 април, односно 60 дена пред датумот на одржување на изборите.

Пратениците, без СДСМ, ги изгласаа и измените на Изборниот законик со кој се дефинира 5 јуни како датум на предвремени парламентарни избори.

Пред гласањето координаторот на СДСМ Горан Сугарески кој рече дека тие ниту гласале за одлуката Собранието да се распушти на 24 февруари, ниту пак ќе гласаат датумот да се промени.

– Ова е уште еден пораз за Никола Груевски и признание дека на 24 април избори не може да има. Груевски четири дена не собра храброст да се соочи со граѓаните и да призне дека ги лаже. Без реформи за слободни медиуми и прочистен избирачки список, избори не може да има. Ние нема да ја поддржиме одлуката Собранието да се распушти на 7 април затоа што не ја гласавме одлуката, која претходно еднострано ја донесоа пратениците, а која предвидуваше распуштање на 24 февруари – рече Сугарески.

Процедурално збор зеде и Илија Димовски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ, кој кажа дека со СДСМ или без нив, избори на 5 јуни ќе има.

– Нема поголем срам од тоа политичар да бега од избори. Од избори бегате, но од народот нема да може да избегате. На 5 јуни, со вас или без вас избори ќе има, народот ќе го избере новото собрание, а вие почитувани колеги да си барате пријатели во белиот свет, затоа што во Македонија веќе ги немате – рече Димовски.

Координаторот на ДУИ, Талат Џафери, од чија партија дојде иницијативата за промената на датумот за распуштање на собранието рече дека неговата партија нема од што да се срами и дека сите што бараа нов датум за избори го добија.

Извор: meta.mk

Партнери на Правдико