Собранието го распиша референдумот за договорот за името | Правдико

Правдико

   

Собранието го распиша референдумот за договорот за името

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со 68 гласови „за“, без „против“ и „воздржани“ Собранието попладнево донесе одлука на 30 септември 2018 година да се одржи референдум за Договорот за името со Грција, кој ќе биде консултативен.

 

Референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

На гласањето не учествуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои излегоа од собраниската сала откако нивниот пратеник Никола Мицевски го изнесе партискиот став дека референдумското прашање е непрецизно, повеќезначно и манипулативно за јавноста.

Тој рече дека со тоа што е консултативен референдумот се отвора можност резултатот да се толкува како што се сака.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико