Собранието го разреши државниот јавен обвинител Зврлевски | Правдико

Правдико

   

Собранието го разреши државниот јавен обвинител Зврлевски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со 64 гласови „за“ и ниту еден против и воздражан Собранието на Република Македонија денеска попладне на продолжението на шестата седница го разреши државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски побара точката за гласање за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски да се прескокне и да се почитува мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата

Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека за автентично толкување на законска норма единствено е надлежна Законодавно правната комисија.

Расправата за разрешување на државниот јавен обвинител Зврлевски започна на почетокот на минатиот месец.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико