Собранието го усвои буџетот за 2015 година | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Собранието го усвои буџетот за 2015 година

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратениците во Собранието на Република Македонија на вчерашната 18-та седница, по завршувањето на општиот претрес, со 65 гласови „за“ го донесоа буџетот за 2015 година.

20102014183630_sobbbb

Предлог буџетот за 2015 година е со реални проекции и ги отсликува владините приоритети и политики за економски раст и развој, поддршка на приватниот сектор и на стандардот на граѓаните, оценија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешното продолжение на општата расправа за буџетот за следната година.

Пратеничката група на ДУИ го поддржа Предлог-буџетот со образложение дека тој е резултат на политичките договори, кои извираат од волјата на граѓаните на оваа земја, а се рефлектирани во проекти во владината програма.

За пратеничката Роза Топузова-Каревска парламентарното мнозинство во отсуство на поголем дел од опозицијата не ја искористило шансата да даде критички осврт за Предлог-буџетот. Република Македонија треба да има буџет во функција на развојот и просперитетот на државата и, истакна таа, парите да се трошат за народот. Топузова-Каревска смета дека Македонија во однос на просечната плата од 352 евра е последна во регионот. Посочи дека просечна плата во Хрватска е 729 евра, 475 евра во Црна Гора, во БиХ 424 евра, а во Србија 381 евро. Потребни се, оцени, странски инвестиции и вработувања во реалниот сектор, а не во државната и јавната администрација.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски укажа дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се цело време вклучени и информирани за проектите внесени во Предлог-буџетот за 2015 година, главно за оние од местата односно општините од каде што доаѓаат.

– Ние сме многу често присутни на терен и ги согледуваме сите потреби на граѓаните. Наша работа е да ја стимулираме и да ја притискаме Владата да работи со уште посилно темпо, рече Димовски.

Според пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска, Предлог-буџетот за 2015 година е континуитет на оваа Влада, континуитет на реализација на голем број капитални проекти кои треба да бидат отпочнати или завршени во следната година. Таа посочи дека продолжуваат инвестициите во комуналната, патната и железничката инфраструктура. Ги спомена меѓу другите регионалните и локални патишта Скопје – Сончев град, Липково – Оризаре, Маврови Анови – Маврово, Штип – Кадрифаково, Штип – Кочани, Охрид – Пештани, регионалниот пат Прилеп – Градско преку Росоман и Дреново, Смоквица – Гегелија и други локални патишта низ целата територија на Република Македонија. Предвидени се, истакна, средства и за културата и за земјоделството.

– Првпат во историјата на Македонија започна реализација на проекти, капитални инвестиции за подобра работа на уметниците и презентирање на нивното творештво во државата и надвор, рече пратеничката Лашкоска.

Еден милион и 629 илјади денари од буџетот се одвоени за Дневен центар во село Истибања, посочи меѓу другото пратеничката Магдалена Манаскова од ВМРО-ДПМНЕ. Како што рече, за Министерството за локална самоуправа издвоени се 57 милиони и 666 илјади денари за рамномерен регионален развој.

Рамиз Мерко од ДУИ побара поголем износ од буџетот за блок дотации за општините. Потребно е инвестирање во локалната инфраструктура и рамномерниот регионален развој, наведе Мерко.

Тој ја поздрави програмата за економски развој, потенцирајќи дека се прават големи работи за привлекување инвестиции преку технолошко индустриските развојни зони и за намалување на невработеноста.

По завршувањето на 18-та седница доцна попладнево пратениците продолжија по дневниот ред на 15-та седница.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико