Собранието ја почнува кампањата за претстојниот референдум
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во пресрет на референдумот закажан за 30 септември, од денеска официјално почнува кампањата, чиј носител е Собранието на Република Македонија, а претседателот на парламентот, Талат Џафери, пред два дена најави дека ќе ја водат кампањата транспарентно. Ниту пратениците ниту партиите нема во кеш да добиваат пари од предвидените 80 милиони денари за кампања за референдумот, рече собранискиот спикер Талат Џафери.
„Колку ќе потрошиме од максимумот, толку ќе платиме, во согласност со дневниот медијаплан“, изјави претседателот на Собранието и додаде дека парламентот наменските средства не може да ги троши за други намени, а преостанатите непотрошени средства ќе се вратат во буџетот.
Во кампањата на Собранието ќе бидат вклучени 71 пратеник од сите пратенички групи, освен ВМРО-ДПМНЕ. Во својот допис до Талат Џафери опозициската ВМРО-ДПМНЕ наведе дека нема да учествува во кампањата и дека бара средствата да бидат потрошени за други цели.
На референдумот на 30 септември граѓаните на Македонија ќе треба да се изјаснат „дали се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на догвоорот меѓу Македонија и Грција“.
Извор: Макфакс