Собранието ја продолжува расправата за уставните измени | Правдико

Правдико

   

Собранието ја продолжува расправата за уставните измени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собранието на Македонија денеска ја продолжува седницата на која се расправа за утврдување на потребата од предлогот на Владата за уставни измени за имплементирање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција.

Премиерот Зоран Заев во текот на вчерашната седница изјави дека бил подготвен да разговара со опозицијата за да се дојде до консензус за ова прашање.

„Сега само се утврдува потреба за отпочнување на уставни амандмани, ќе има понатаму гласање за нацртот, ќе имаме двотретинско гласање за уставните амандмани.

Тоа е процес којшто ќе трае повеќе од 100 дена. Затоа уште еднаш како прв во извршната власт кажувам спремен сум да седнам со сите вклучитело и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за да можеме да изградиме сценарио и консензус по ова прашање“.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико