Собранието ќе расправа за предлог законите за административни службеници и вработени во јавниот сектор | Правдико

Правдико

   

Собранието ќе расправа за предлог законите за административни службеници и вработени во јавниот сектор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на деветтото продолжение од 80-тата седница треба да расправа за предлог-законите за административни службеници и за вработени во јавниот сектор, во прво читање.

sobraniemkНа дневен ред на седницата се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош,  Законот за управни спорови, Законот за мирно решавање на работните спорови, Законот за семејството, Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, Законот за градење, сите во прво читање.

Пратениците треба да расправаат и за Предлог на одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика за 2014 година, за Предлог финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика за 2014 година; за Годишната програма за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2014 година, за Предлог националната стратегија за заштита и спасување на Република Македонија за периодот од 2014 – 2018 година и за Предлог законот за ратификација на Спогодбата меѓу владите на Република Македонија и Република Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт.

Извор:24вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико