Собранието ќе гласа за разрешување на Марко Зврлевски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателот на Парламентот, Талат Џафери, најави дека денеска ќе се гласа за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски откако вчера попладнето пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата повикувајќи се на писмото од Антикорупциската комисија, која смета дека во периодот пред изборите не треба да се расправа и да се разрешуваат државни функционери.
Собранието ја почна расправата за разрешувањето на Зврлевски на 12 јули. За Зврлевски да биде разрешен, потребно е 61 пратеник да гласаат „ЗА“.